Маркус се надева дека неговиот годинашен колега, Шарл Леклер, ќе биде одличен следната година за Ферари, откако има едногодишно искуство во возење крај него.

Двајцата ја комплетираа сезонава во Заубер, година која беше дебитантска за возачот од Монако. Шарл успеа на крајот да дојде до 39 поени на своето конто, додека швеѓанецот собра само 9 и тоа сите во вториот дел од сезоната.

Одличната сезоан му донесе на Шарл промоција во Ферари, додека лошото издание на Ериксон стави крај на неговата Формула 1 кариера и догодина него ќе го гледаме во Индикар.

со интерес ќе го следам шарл во ферари и мислам дека ќе биде одличен следната година.

се разбира, ако се покаже добро, тоа ќе биде добро и за мене, одлично ќе се одрази и врз моите минати резултати.

да се надевам дека “ќе гази“ таму. мислам дека ќе биде интересно да се следи и сигурен сум дека ќе биде одличен – изјави ериксон за RaceFans.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.