Швеѓанецот Маркус Ериксон го загуби своето место на гридот, но сепак се надева дека неговиот поранешен колега Шарл Леклер ќе се покаже во Ферари.

Шарл Леклер се смета за еден од најголемите таленти од најмладата генерација кој по само една година во Заубер преминува во Ферари. Иако до сега возеше со него, Ериксон не гледа причина зошто тој не би продолжил да напредува во Ферари.

Ќе биде интересно да се следи Шарл во Ферари. Мислам дека ќе биде многу добар. Секако доколку се покаже тоа ќе биде добро и за мене – смета маркус.

Ериксон беше послаб од Леклер во текот на сезоната, но сепак неговите перформанси беа доволни за да добие место во Индикар.

Мислам дека ќе биде добар. Ќе биде интересно да се следи неговиот развој.

Спортскиот директор на Формула 1 и поранешен член Ферари, Рос Браун, верува дека Леклер ќе направи поголем притисок врз Фетел од Раиконен.

Мислам дека Леклер ќе биде подобар од Кими. Кими е свој човек, немојте да ме сфатите погрешно, но Кими знаеше како да се постави во тимот. Тој ќе треба да направи притисок врз поранешниот шампион и го чека тешка година. Од тоа што го видовме до сега тој врши одлична работа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.