Маркус го имаше својот прв тест на американски Себринг за Шмит Петерсен Моторспорт и веднаш остана импресиониран од тимот и новиот болид.

Поминаа 10-тина дена откако го имаше своето послендо појавување за Заубер во Абу Даби, а веќе беше на Глорида каде го проба својот болид број 7 со шасија на Далара и мотор на Хонда.

никогаш порано не сум ги видел во живо овие болиди. беше кул да се следат како излегуваат на патеката, болидот е навистина кул, а гледав доста клипови на интернет за да се подготвам. ова е одлично место за мене – објасни ериксон по тестот.

Себринг не е како Формула 1 автодромите на кои Маркус вози веќе 5 години, но веднаш останал задоволен од шармот на новата околина.

ваквите работи ме потсетуваат зошто се заљубив во тркањето. формула 1 секогаш ќе остане формула 1, но во исто време таа серија е по малку вештачка, се оди на совршени места, а тоа по мене не е вистинско тркање. индикар ја враќа мојата страст за тркање.

како возач овдека мора многу повеќе да работите со болидот. формула 1 секогаш започнува од совршенство, додека овдека почнувате од неудобно место и мора да работите за да добиете совршенство. најголем разлика со формула 1 што во индикар многу повеќе работа има за возачот.

чувствувам дека има работи од моето формула 1 искуство што може да му помогнат на тимот за да напредува, но во исто време чувствувам дека екипата е веќе на високо ниво. импресиониран сум со нивната работа и подготовка што ја направија пред тестот. навистина се импресивни – заврши швеѓанецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.