Маркус Ериксон изјави дека Германското Гранд При било голем предизвик, но е задоволен што се вратил во поени по втор пат оваа сезона. Возачот на Алфа Ромео Заубер имаше лоши квалификации, но не погреши во Недела и заврши на 8мо место со одличен менаџмент на гумите низ Хокенхајмринг.

Задоволен сум што се вратив во поени на вака тешка трка особено околу менаџирањето на гумите. Имавме долга прва серија на софт компонентата, а откако почна да врне, со екипата одлучивме смирено да останеме на патеката – објаснува Ериксон.

Дождот го фати неподготвен дури и Себастијан Ветел, а швеѓанецот признава дека било огромен предизвик да се вози по таква патека.

Беше голем предизвик да не се погреши на таква патека, беше многу лизгаво и бараше огромна концентрација. На крајот на трката имаше многу промени на гуми помеѓу екипите и одлични борби за поени.

Се на се, беше забавно да се вози и задоволен сум што завршив на 9то место. Поените се одлични за екипата и поттика за сите во пресрет на Големата награда на Унгарија – заврши Маркус.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.