Маркус не гледа многу смисла да биде резервен и тест возач во Заубер следната година, сакајќи повеќе да се фокусира на Индикар трките.

Швеѓанецот ќе го загуби своето место во Заубер по крајот на оваа сезона, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци ќе возат за швајцарската екипа, но договорено е да остане во Хинвил како резервен пилот. Следуваше период во кој Маркус за себе обезбеди Индикар место во конкурентниот Шмит Петерсон Моторспортс, а во Заубер се јави потреба за друг резервен возач кој би бил присутен на трките на кои Ериксон нема да може да стигне поради распоредот во американската серија.

Со повеќе од 8 тркачки викенди на кои швеѓанецот нема да може да присуствува, тој не гледа потреба воопшто да биде резервист сезонава.

треба да седнеме по крајот на сезоната и да разговараме затоа што гледам потреба целосно да сум фокусиран на тркачката програма за 2019 година во индикар и да сум посветен на таа серија. среќен сум и задоволен што тимот сака да останам поврзан со нив, но треба да се договориме каква ќе биде мојата улога.

секако дека 110% од моето внимание треба да биде кон индикар, во спротивно нема никаква потреба да се тркам таму. не се гледам себе си како се враќам на многу трки и поради тоа треба д се договориме.

веќе сум во америка, таму живеам, таму ќе се тркам и нема смисла секој викенд да патувам само за да присуствувам на формула 1 трка – објасни ериксон.

Швеѓанецот дебитираше за Заубер во 2015 година и учествуваше на 96 трки за нив, при тоа освојуваќи 18 поени. 28-годишникот призна дека не се откажува целосно од Формула 1, но моментално плановите му се поврзани со Америка.

можеби абу даби беше последна формула 1 трка за мене, но не сакам целосно да ја затворам та врата затоа што никогаш не знаете што ќе се случи во иднина. одам во америка целосно посветен да се покажам во најдобро светли и сакам да останам некое време, но како што реков, не знам што може да се случи за неколку години.

засега формула 1 останува минато за мене, но ќе видиме што може да се случи – заврши маркус.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.