Маркус Ериксон повторно тврди дека неговата трка била жртвувана со цел да му се помогне на неговиот колега Шарл Леклер да стигне до колку што може подобар пласман. Швеѓанецот кој следнаа година нема да вози во Заубер заврши на 9то место во Мексико Сити, две позиции зад колегата Леклер и забележа два едноподруго пласмани во поени.

Планот за мене беше само да му помогнам на Шарл. Целосно ја жртвував мојата трка за да му помогнав него, сакав да променам гуми многу кругови порано затоа што знаев дека почнувам да губам, но за екипата и за Шарл останав повеќе.

Се обидував да ги држам другите болиди зад мене за да тој направи предност, тоа и го направив, но бев фрустриран затоа што знаев дека на рој начин и јас губам поени.

Бев бесе и “чурев“ во болидот навистина бев фрустриран. Знам дека мораме да работиме најдобро а тимот, но за мене беше по малку екстремно. Чувствувам како да свесно си ја губам трката што беше премногу лошо.

Секогаш сум бил тимски играч, секогаш сум правел се за екипата и тимот бил на прво место и сметам дека тоа е доблест и вредност за еден човек и поради тоа ќе го правам секогаш – објасни Ериксон.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Швеѓанецот смета дека во однос на перформансите ја имал една од своите најдобри Формула 1 трки откако го изедначи својот најдобар резултат во сезоната, иако загуби доста време при промената на гуми.

Трка сличн на онаа во Бахреин, но мислам дека беше подобра, една од најдобрите во мојата Формула 1 кариера и мнгоу сум горд на тоа. Начинот на кој се тркав и ги држев болидите зад мене, а имаа посвежи гуми, ја жртвував својата стратегија за другиот болид и сепак успеав да најдам место и да завршам како 9ти.

И покрај тоа што болидите околу мене беа неверојатни, за се заврши на 9то место е супер и поради тоа мислам дека ова беа едни од моите најдобри перформанси. Прва серија која беше предолга и извозена делумно со потрошени гуми, губење 9 секунди во бокс и покрај тоа успеав да победам многу болиди – горд е Маркус.

Со 7мо и 9то место и двојни поени, Заубер Алфа Ромео го мина Торо Росо во конструкторскиот поредок и сега се на 8мо место со 3 поени преднос во однос на тимот со мотори на Хонда.

Тоа е многу важна работа за екипата затоа што тој пласман значи многу пари за нас за развој. Сеуште не сме го освоиле, има уште две трки и мораме да се осигураме дека Торо Росо ќе останат зад нас. Се надеваме дека ќе успееме – заврши Ериксон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.