Ериксон: Имавме неверојатна прва половина од сезоната

66

Според Маркус Ериксон, Заубер имале неверојатно добра половина од првенството и со успех фатиле приклучок кон средината на поредокот. Швеѓанецот е дел од Заубер од крајот на 2014 година и беше дел и од тешкиот период низ кој минуваше екипата од Хинвил во 2016 и 2017 година.

Лани швајцарците освоија само 5 поени благодарение на Паскал Верлејн, се тркаа со стар мотор на Ферари, но годинава се силно поддржани од италијанците преку нивниот сестрински бренд Алфа Ромео. Досега освоија 18 поени на 7 трки на кои завршија во топ 10 со што се на 9то место во поредокот.

Да бидам искрен, како екипа имавме неверојатно добар прв дел од сезоната. Ако се види од каде почнавме, каде бевме минатите две години, оваа половина е како сон, многу подобро од очекувањата.

Лично јас имам неколку пласмани во поени и добри перформанси за себе, но секако дека секогаш сакате повеќе, иако оваа половина е одлична и за мене. Перформансите на трка кај мене сезонава се доста силни, Недела е силен ден за мене годинава, но секако дека имав и некои грешки како на пример во Силверстон – појасни Ериксон.

Ериксон потенцираше дека подобрување на квалификаиските перформанси во текот на еден летечки круг е цел за него, со што би дошол до подобра позиција за повеќе поени. Од Кина до Германија, Маркус секогаш губи на квалификации од Леклер и во просек стартува по 5 позиции зад својот тимски колега.

Има место за подобрување во Сабота, од некои причини се мачам да добијам чувство за болидот во летечки круг. Верувам во болидот со високо ниво на гориво во текот на трка и добро менаџирам со гумите така што убеден сум во своите силни страни.

Чудно е што не се снаоѓам доволно добро на квалификациите затоа што мислам дека последните неколку години сум подобрен во тој сегмент, а споредено со Паскал и Фелипе бев и подобар од нив во Сабота. Не знам зошто толку се мачам со квалификациите сезонава.


Ериксон: Имавме неверојатна прва половина од сезоната

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>