Ериксон: Заубер е друг свет споредено со лани

210
   

Маркус Ериксон верува дека препородениот Заубер е во друга лига споредено со нивната форма пред 12 месеци.

Ребрендираниот Алфа Ромео Заубер има напредок не само на патеката туку во однос на финансиите, а во моментов се наоѓаат на 9то место во поредокот со 11 поени, повеќе од целата ланска сезона. Швајцарската екипа стигна до поени на три од последните четири трки, а во Австрија имаа и двојни поени, а нивнтие возачи се редовно во К2 или К3 на квалификациите.

Разликата со лани е огромна, прво во однос на финансиите сме далеку посилни, а се друго се гради од таму. Исто така донесовме некои сјајни луѓе во екипата, луѓе кои многу ни ја подобрија мотивацијата така што се се движи кон напред.

Во друг свет сме споредено со пред 12 месеци и тоа е одлично да се види. Сметам дека е импресивно да се види начинот на кој се развиваме последните 12 месеци и тоа е само награда за напорната работа која се случуваше во екипата – анализира Ериксон.

Екиапта од Хинвил е пред Вилијамс во поредокот, но само 3 поени зад Торо Росо кои се на 8мо место, а Маркус не гледа причина зошто не би ги стигнале во натамошниот дел од првенството.

Не гледам причина зошто да не ги стигнеме останатите во средината од поредокот. Годинава добро ни оди, носиме новини речиси на секоја трка иако тоа не се големи новини, но ситници кои константно го подобруваат болидот и одлично разбираме што се случува.

Споредено со средината од поредокот со која се бориме, би требало да го задржиме нивното ниво на развој и во одреден момент да го свртиме фокусот кон следната година – заврши швеѓанецот.


Ериксон: Заубер е друг свет споредено со лани

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>