Маркус Ериксон оди кон Будимпешта со големо ниво на самодоверба откако стигна до 9то место и по трет пат освои поени на трката во Германија која се одржа минатиот викенд. Алва Ромео Заубер имаше две ттоално различни трки, Ериксон искористи од дождот и стигна до поени, додека Шарл Леклер ризикуваше и заврши надвор од топ 10.

Швеѓанецот верува во Ц37 болидот на екипата од Хинвил и го цени константниот напредок кој се прави откако заедно со Леклер освоија 18 поени сезонава.

По одличниот ритам во Хокенхајм одиме во Будимпешта со дополнително ниво на самодоверба, сите се позитивно расположени во тимот и подготвени сме да напаѓаме во пресрет на летната пауза.

Хунгароринг е многу техничка патека  со многу кривини и интензивна е за возачите. Ме потсеќа на картинг патека. Тешко е како за болидот така и завозачот, но нашиот болид во моментов е одличен и би требало повторно да се бориме за поени.

Секогаш има многу шведски знамиња околу патеката што ми дава дополнителна мотивација и нетрпелив сум да ги видам моите сонародници и оваа година во Будимпешта. Да видиме што можеме да направиме – најави Ериксон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.