Ериксон доби нова шасија по сударот

54

Маркус Ериксон ќе користи нова шасија за остатокто од Италијанското Гранд При по големиот судар кој го имаше за време на втората вчерашна сесија. ДРС системот на Заубер Алфа Ромео болидот не се затвори на време во пресрет на првата шикана, возачот загуби контрола, удри во оградата крај патеката, а потоа се преврте неколку пати. Механичарите на екипата мораа да г прекршат “полицискиот час“ во текот на ночта за да извршат промена на шасијата.

ФИА потврди дека механичарите на Заубер работеле на болидот од 1 по полноќ до 9 утрото, користејќи едно од двете дозволени прекршувања на полицискиот час, дозволени по тим во текот на сезоната, за да го оспособат болидот.

Новата шасија беше испитана утрово, доби дозвола од ФИА, а Маркус доби дозвола да вози од медицинскиот делегат.

Сударот кој го имав на Т2 беше голем и благодарение на силината и издржливоста на болидот немав никаков проблем. Екипата работеше неуморно на болидот за да го поправи и за да можам да се вратам на патеката. Сакам повторно да возам – изјави Ериксон.


Booking.com

Ериксон доби нова шасија по сударот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>