Ериксон: Грешка при претекнување на Ботас доведе до сударот

182
   

Маркус Ериксон вели дека сударот во квалификациите за Јапонското Гранд При се случил поради грешка додека го претекнуваше Валтери Ботас од Мерцедес.

Ботас се движеше бавно додека Ериксон беше во својот втор летечки круг во К1, отиде околу Мерцедес-от во долгиот лев свиок број 7. Иако Ериксон потврди дека Ботас бил целосно на спротивната страна од тркачката линија, што значи дека не бил попречуван, пореметениот проток на воздух го чинело потисна сила.

Поради тоа тој имаше подуправување, премина преку тревата и се изврте во бариерите. Заврши на 20та позиција или последно место во квалификациите.

Го изгубив предниот дел. Знаев дека има болид напред, но тој беше од внатрешна страна и помислив дека ќе бидам во ред, но откако го погледнав видеото тоа беше доволно да се вознемири болидот.

Може да се забележи и од податоците, дека имам прилично многу подуправување во тој круг споредено со претходниот. Не е оправдување, очигледно влегов пребрзо со достапниот грип, што е штета.

Болидите се толку осетливи на ветерот, ако се промени насоката, може да изгубите многу грип. Не проценив добро колку ќе изгубам и отидов прешироко.

Тоа е погрешно место да се вози прешироко бидејќи едно тркало надвор од патеката и тоа е крај на играта – изјави Ериксон.


Ериксон: Грешка при претекнување на Ботас доведе до сударот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>