Ериксон го објаснува својот најголем судар

79

Формула 1 безбедносните стандарди беа ставени на тест во Петокот во Монца кога Маркус Ериксон имаше голема судар на почетокот на втората тренинг сесија. Врнежите во текот на ноќта придонесоа првите 90 минути да се возат на интермедиа и гуми за целосно влажна патека, но патеката многу се исуши потоа. Сепак, гумите не беа проблем, туку дизајнерска грешка во ДРСот на задното крило на Заубер болидот, кое се користеше само за Националниот Автодром Монца.

Системот за намалување на драг силата на Ц37 болидот не се врати во нормалната состојба пред првата шикана Ретифиљо, по што швеѓанецот најпрво заврши во бариерата од левата страна на патеката, а потоа неколку пати се преврте, што изгледаше страшно. Сешак, Маркус сам излезе од болидот иако болидот изгледаше како да бил во војна, а по проверката во медицинскиот центар, веднаш доби дозвола да продолжи да се трка.

Беше неверојатно и вистински доказ за безбедноста и сигурноста на модерните Формула 1 болиди – смета Ериксон.

Тимот веднаш пристапи кон неопходните поправки во ДРСот на другиот болид и се вратија на мануелно затворае на истиот во текот на слдната сесиа, а не автоматско со испуштање на педалот за гас, што значи дека повторување на несреќата беше речиси невозможно.

За мене ова беше невообичаен судар затоа што, знаете, сударите вообичаено со случуваат кога пребрзо ќе сакате да минете низ некоја кривина и удирате во некого, такви работи ми се имаат случувано и вообичаено се случуваат, но ова беше одненадеж и целосно непредвидливо.

Само ги допрев сопирачките и болдиот неконтролирано се изврте при голема брзина, а потоа почна да се превртува и да лета низ воздухот, а јас немав поима што се случува. Се запрашав што се случило кога се заврши, но бев среќен затоа што заврши и немав никаква повреда.

Имав среќа што немаше ѕид пред мене затоа што болидот се превртуваше се додека самиот не се успори целосно. Мислам еа имаше три удари посилни од 25Г, превртување и летање низ воздухот, беше цела вечноста и бев потресен потоа – објаснува Маркус.

Швајцатската екипа во текот на ноќта по пријава и со дозвола на ФИА го прекрши полицискиот час со цел да може да намести целосно нова асија на Ц37 болидот за Ериксон да може да го комплетира остатокто од викендот.

Ова беше дефинитивно најголем судар во мојата кариера. Во минатото секогаш после судар сум сакал да бидам во болидот колку што можам побрзо, затоа што на тој начин немате многу време да размислувате и да во совлата страва.

Ако веќе следниот ден имате можност да возите, тогаш по само неколку кругови сте во нормала, имате вообичаено чувство, веднаш стекнувате верба во болидот и заборавате што се случило. Беше совршено што веќе следниот ден на третата тренинг сесија, во Сабота наутро се вратив во болдито и ја вратив мојата смодоверба.


Booking.com

Ериксон го објаснува својот најголем судар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>