Емиратс го продолжија договорот со Ф1

58

Формула 1 го продолжи партнерскиот договор со Emirates airlines, кој е валиден се до крајот на 2022 година. Како дел од новиот договор, авио компанијата со седуште во Дубаи ќе има поголемо присуство на 15 трки од Формула 1 календарот.

Петгодишното продолжување на соработката вклучува брендирање крај патеките, дел за свои гости во падокот, интерактивни активности во Формула 1 фан зоните и фестивали за фановите на одбрани трки, Суперкар кругови на 8 трки и брендирање на дигиталните сервиси.

Емиратс е глобален партнер на тркачката серија од 2013 година, а дополнително авио-компанијата е главен спонзор на Големата награда на Шпанија и Големата награда на Германија која ќе се одржи кон крајот на Јули годинава.

Минатата недела Емиратс ги објави своите финансиски резултати за 2017 година каде пријави приходи од 762 милиони долари.


Емиратс го продолжија договорот со Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>