Еклстон: Ферари се “премногу италијанци“ за да освојат титула

432
   

Поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон, смета дека моменталната менаџмент структура во Ферари е едноставно “премногу италијанска“ за Скудерија да ја донесат титулата назад во Маранело.

Фундаментални промени на чело на италијанската екипа се случија за време на Серџо Маркионе, а стабилноста ја подобри основата од 2016 година и нивните перформанси се подобрија.

Ужасната втора половина во 2017 година им ја одзеде шансата на Ферари да целат кон титулата, но нивната форма на почетокот на 2018 година ги истакна како фаворити годинава, а нивниот болид се сметаше за побрз од В09 на Мерцедес.

Сепак, постојаниот развој на В09, дополнето со многуте грешки во таборот на Ферари од страна на екипата и на возачот Себастијан Ветел, му овозможија на Луис Хамилтон да го врати и зголеми водството против ривалот во самата завршница од сезоната.

За Еклстон, дефицитот на Ферари и нивната неспособност да стигнат до титула, која последен пат ја освоија во 2008 година, е показател дека нивниот менаџмент е премногу италијански, што е спротивно од успешниот и доминантен период во кој екипата уживаше под водството на Жан Тод, Рос Браун и Михаел Шумахер на почетокот на овој век.

Тод ги водеше и не беа толку италијанци, Михаел беше на чело на екипата. Беше поинаква ситуација. Мислам дека им недостасува таков сетап сега.

Ферари имаат поинаков начин на водење на работите, во споредба со Мерцедес, нели? Мерцедес имаат екипа која е целосно насочена кон тркањето, нема ништо поврзано со производителот.

Ферари го надгледува и производството на спортските автомобили, повеќе или помалку нивните перформанси во Формула 1. Тоа е раководство на поинаков начин – вели 87 годишниот Еклстон.


Еклстон: Ферари се “премногу италијанци“ за да освојат титула

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>