Берни Еклстон смета дека Ферари го чинеле себастијан Фетел титула обвинувајќи ја екипата што не му дала соодветна поддшка на германецот во борбата за титула со Луис Хамилтон. Британецот е многу блиску до својата 5та титула во кариерата откако ги победи силните Ферари и Фетел, особено во вториот дел од сезоната.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Многумина сметаат дека најбрзиот болид на гридот годинава е направен во Маранело, но екипата не го искористи тоа и губеше поени во Германија, Унгарија и Италија по што заостатокот зад Луис стана голем. Се чини дека главен проблем во перформансите на “црвентие“ беше аеродинамичкиот пакет донесен во Сингапур кој екипата го користеше и во Русија и Јапонија и се верува дека го закочил болидот, затоа што штом истиот беше отстранет во Америка, Кими Раиконен победи.

Себастијан немаше поддршка од својата екипа во моменти кога Луис имаше целосна поддршка зад себе од Мерцедес. Хамилтон не мора да се грижи што Мерцедес ќе направи затоа што кај нив се е совршено, но Ферари можеа да имаат подобра политика и Себастијан да добие поголема поддршка затоа што сметам дека во борбата отиде сам – изјави Еклстон за германски Bild am Sonntag.

Господин Е верува дека маките на Ферари веројатно почнале со смртта на нивниот Претседател Серџо Маркионе кој ненадејно почина во Јули, една недела пред Големата награда на Унгарија.

Верувам дека многу работи потоа не беа како што беше планирано. Тој беше силен и почитуван човек, а на нив им недостасува такво лидерство. Ферари мора да одлучи дали сегашниот менаџмент е исправен, а јас не сакам да судам за тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.