Деновиве, Еди Џордан се присетува на проблемот кој го имаше со Михаел Шумахер на Големата награда на Белгија во 1998 година, кога стигна до првата победа како тимски сопственик, на сметка на Црвениот барон и неговиот брат Ралф.

Дејмон Хил победи на Спа таа година откако судар на 13 болиди по стартот донесе прекин на трката, а потоа Михаел Шумахер се судри додека водеше откако се заби во задниот дел на Мекларенот на Дејвид Култхард. Легендарно е видеото на кое лутиот како рис Михаел, оди кон гаражата на Мекларен за да се пресмета со Култхард. Тоа што е помалку познато е дека Шумахер “свратил“ и до гаражата на Џордан откако дознал дека Еди Џордан дал тимски наредби, што го попречиле Ралф да го мине Дејмон Хил, иако бил побрз жолт болид.

За ирски Independent, Еди Џордан откри:

Дејмон не требаше да победи затоа што Ралф беше побрз. Тоа е вистината, но јас не му дозволив да го мине и им ставив јасно до знаење на двајцата.

Потоа Михаел дојде по мене вознемирен затоа што тој првично требаше да победи, а потоа сметаше и дека Ралф треба да победи.

Му кажав “види, Ралф вози за мене неколку години, а тебе не те гледам. последен пат те видов кога ме зае** и отиде во Бенетон и мислев дека си паметен, но заработив на тебе. ајде сега оде** од мојата гаража. Тој ми одговори дека брат му нема шанси да вози за мене следната година.

На тоа јас дополнив “да ти дадам еден совет. Постои документ, се вика договор. Ралф има договор со мене за следната година, а во него има откупна клаузула. плати ми пари и земи си го брат ти“.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.