Поранешниот шеф на Бенетон и на Рено, Флавио Бриаторе, верува дека не погрешиле што го замениле Маурицио Аривабене од шефовското место во тимот и му овозможиле на Матиа Биното да раководи со екипата.

Веста за рокадата во врвниот менаџмент на Скудерија ФЕрари официјално беше потврдена од тимот, а Gazzetta dello Sport пренесува дека Претседателот Џон Елкан, лично се заложил на местото на Аривабене да биде промовиран Биното.

во 2018 година ферари имаше тоа што беше потребно да се освои титула, а сепак не ја освоија. кога не победувате, работите мора да се променат и мислам дека оние кои ја менаџираат Скудерија во Маранело го мислат истото – изјави Бриаторе за италијански Adnkronos.

Според искусниот италијанец, Ферари самите се криви за пропаднатиот обид да стигнат до титула против Мерцедес.

биното направи фантастична работа како технички директор. лани ферари имаше одличен болид, многу брз пакет кој со различно менаџирање на возачите можеше да им донесе титула.

ќе видиме каков ќе биде матиа како тимски шеф, но секако дека не очекувам паралелно со пефовското место да биде и технички директор на таква екипа – заврши дон флавио.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.