Британскиот Канал 4 го потврди ангажманот на поранешниот тимски шеф на Ферари, Стефано Доменикали за 2019 година. Италијанецот ќе го сподели своето мислење во за сега непотврден број на трки, како дел од пакетот за главни моменти на Канал 4.

Канал 4 ќе го врши директен пренос само на Британското Гранд При оваа година како резултат на ексклузивниот договор на Скај Спортс со Формула 1, што воедно е една од последните одлуки на Берни Еклстон додека беше “на власт“.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Потегот ги збесна фановите, гледаноста се очекува да опадне драстично и покрај понудата на Скај Спортс да го направи својот Формула 1 канал поприфатлив за муштериите.

Тимот на Канал 4 ќе биде познат за постарите гледачи, со учество на Стив Џонс, Дејвид Култхард и Марк Вебер, иако Карун Чадхок замине за Скај, додека Сузи Волф нема да биде дел од екипата поради ангажманот во Формула Е. Пристигнувањето на Доминикали ќе ја подобри понудата на Канал 4.

Според ББЦ Спорт, програмата на Канал 4 е ограничена од повеќе гледни точки, вклучувајќи и тоа колку време им е дозволено да ги покажуваат активностите на патеката, каде можат и каде не смеат да вршат интервјуа, како и нивните способности да разговараат со возачите на патеката пред стартот.

Тие рестрикции постојат за 20 трки во кои еклсклузивните права ги има Скај, што пак значи дека Британското Гранд При нема да подлежи на истите. Сепак ја доведува дозволата на Либерти Медиа да им дозволат на Скај да создадат монопол на британскиот пазар, еден од клучните за Ф1.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.