Поранешниот шеф на Формула 1 тимот на Ферари, Стефано , чувствува болка што неговата поранешна екипа ја загуби борбата за титула од Мерцедес. беше спортски директор во Маранело во време на “златното доба“ на италијанците кога Михаел Шумахер домнираше со спортот, а во 2008 година беше унапреден и во тимски шеф освојувајќи ја конструкторската титула откако Хамилтон на последната трка ја однесе возачката поради познатиот потег на Тимо Глок.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Сезонава не беше како 2008 година, но Доменикали жали за Ферари и се присетува на моментот кога Фелипе Маса во последните секунди од трката ја загуби титулата.

23 секунди, се сеќавам како да беше вчера. сите веќе врискаа и славеа, јас го гледав ГПС уредот и видов како луис се доближува. забележав во претпоследната кривина беше се поблиску и не би сакал да кажам што помислив во себе.

се свртев на другата страна, семејството на фелипе славеше, но јас реков да му кажат на антонио, таткото на фелипе, дека за жал загубивме. беше претешко.

ако го погледнете подиумот, фелипе беше толку горд на тоа што го постигна и јас бев импресиониран од неговата реакција.

се сеќавам потоа во собата кога се пресоблекуваше, неговата сопруга и семејството беа со него и никој ништо не можеше да каже, а што да се каже?

по тие работи се излегува многу силен затоа што сето тоа многу боли – се присетува доменикали.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.