Поранешниот прв човек на Скудерија Ферари, Стефано Доменикали, верува дека повлекувањето на Фернандо Алонсо од Формула 1 на крајот на оваа сезона е голема загуба за врвот на моторспортот. Стефано беше шеф на тимот во 2008 година, сезоната во која италијанците од Маранело за последен пат освоија конструкторска титула со Кими Раиконен и Фелипе Маса во болидите. Исто така, тој беше на чело на екипата и за време на 5те години на Нандо со тимот.

Навистина е штета што Алонсо ќе се повлече од Формула 1, тоа е голем удар за спортот. Сметам дека тој е неверојатен возач, беше одличен со тимот и сакаше се да има под контрола. Да не заборавиме дека тој е латино и кога имате таков темперамент секако дека ќе постојат тешки моменти да контролирате се, но јас немав никакви проблеми со него – изјави Доменикали во своето интервју.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во минатото, тандемот Доменикали – Алонсо во два наврати беше блиску до титула, но не успејаа да ја минат последната пречка.

Имавме тешки моменти затоа што сме во тим кој секогаш сака да победува иако нема секогаш најбрз и најдобар болид. Врвните возачи сакаат најдобар можен пакет за себе и природно е ако не го добијат тоа да почнат тензиите. Тоа е природен пристап на роден шампион, а јас сметам дека Фернандо е возач кој може да направи разлика – заврши италијанецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.