Финскиот конгломерат, Вихури Груп, го прекина спонзорството со Валтери Ботас и Мерцедес, а компанијата отрки дека нивното учество во Формула 1 веќе не е исплатливо.

Вихури, кои имаат разновидно присуство во повеќе индустрии, како таа за пакување, дистрибуција на храна, опрема за градежништво и услуги со чартер на авиони, го подржуваше Ботс од неговиот јуниорски денови во моторспортот. Предводена од Анти Аарнио-Вихури, поранешен тркачки возач и сопственик на тим, Вихури беа клучни во преминот на Ботас од Вилијамс во Мерцедес во 2017 година.

Аарнио-Вихури признава дека е разочаран со сезоната на Ботас во 2018 година и неговата неможност да победи или да го предизвика тимскиот колега, Луис Хамилтон.

Вистина е, нема да продолжиме. со инвестицијата, одлучивме дека е премногу скапо.

Беше разочарувачкки. Делумно не беше вина на Ботас, дел од тоа беше поради тимот и техничките проблеми, но мислам дека тој беше прилично слаб на крајот од годината.

Тешко е да се биде тимски колега на Луис Хамилтон, но Валтери беше позади многу други и заврши на петто место севкупно. Тоа беше прилично слаб резултат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.