Доктор Марио Игор Росело, човекот кој пред 8 години го спаси животот на Роберт Кубица по страшната несреќа на полјакот на Релито Андора во која тој речиси да ја загуби раката, но се врати во Формула 1.

33-годишникот не само што му ја должи својата рака на доктор Росело, туку и својот живот. Докторот бил неврохирург во Санта Корона болницата во Пиетра Лигуре и бил на должност кога се случила несреќата по која Кубица со хеликоптер бил донесен во болница.

моравме да се бориме да го задржиме во живот, а тоа што му ја спасивме раката беше дополнителна награда. рамото и целата десна страна од телото беше загрозено поради преживеаната траума. тоа што бев одговорен за целосна реконструкција на ампутираниот екстремитет ми дава задоволество – отри за Sky Italia доктор Росело.

Многумина се сомневаат во можностите на Кубица во модерната Формула 1 ера каде управувачот служи за многу повеќе од едноставно менување насока. Но, докторот не се сомнева.

не можеше ни да сонува да управува со формула 1 болид доколку немае целосно функционален екстремитет. неговите победи во врц2 вече покажаа дека е ефикасен во возење на рели автомобил во услови кои веројатно се и посложени одошто тркање на патека.

Нормално, докторот бил помеѓу првите на кои Роберт им се јавил да им каже за неговиот договор со Вилијамс за 2019 година.

не можев да видам дали плаче или е пресреќен – заклучи тој.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.