Докторите кои го оперирале трикратниот Формула 1 првак Ники Лауда, се задоволни од неговата состојба. 69-годишникот беше отсутен од последните две трки, што е невообичаено за него, а потоа беше откриено дека има тежок летен грип.

Но, неговата состојба се искомплицирала и поради тоа итно бил префрлен во AKH болницата во Виена директно од својот летен одмор на Ибица и над него била направен операција на трансплантација на бели дробови. Доктор Валтер Клепетко кој ја извршил операцијата за австриска ORF изјави дека пациентот добро се опоравува и се оди според планот.

Во моментов се се одвива многу добро и сите сме задоволни – потврди Клепетко.

Во AKH годишно има околу 120 операции на транслантација на бели дробови, а вообичаеното време за опоравување е помеѓу две и три недели, но поради возраста на Лауда, веројатно ќе му треба подолго време. Хирургот потврдил дека медицинската историја на Ники односно тешката несреќа која ја имаше пред 40-тина години, не била причина за компликацијата.

Никој не може да потврди дека оваа транслантација доаѓа како последица од пожарот и несреќата од 1976 година – смета Клепетко.

Во 1976 година сите беа зачудени откако по страшната несреќа во која тој буквално гореше, посамо 6 недели се врати на патеката и се тркаше на легендарната Монца.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.