Поранешниот Формула 1 првак, Нико Розберг, изјави дека никогаш не размислувал да се врати во тркачката серија, но призна дека без двоумње би прифатил днодневен тест. Германецот се повлече од спортот некоклу денови откако ја освои титулата во борба со својот ривал од детството, Луис Хамилтон. 33-годишникот не се трка во ниту една серија по повлекувањето освен краткиот Формула Е тест, серија во која е акционер.

Ако Тото ми се јави и ме запраша дали би сакал еднодневен тест со новите болиди, добро би размислил. Би било прекрасно и забавно да ги искусам болидите затоа што се толку многу брзи, но не дека го чекам тоа и се надевам да ме викнат. Формула 1 тркањето веќе е зад мене – откри Нико.

Во текот на летото, Розберг беше поврзуван со место во Формула Е серијата каде е акционер од основањето на истата, односно од 2014 година.

Тоа е физички неизводливо. Возев Формула Е болид неодамна и рацете ми се изморија по само 4 кругови затоа што толку силно го држев воланот, а моето тело не е толку физички добро подготвено во моментов. Исто така, денешните болиди се толку брзи што ќе ми треба многу време да се вратам во ритам.

Во однос на брзината, во текто на еден круг мислам дека брзо ќе се снајам. Сепак плаши што од мои 9 години никогаш не сум бил надвор од тркањето толку долго. Можеби еден ден ќе бидам добар како порано, но тоа не ме загрижува, сега мислам на други работи – заврши Розберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.