Доколку остане во Ред Бул, Рикардо ќе добие нов инженер

101

Даниел Рикардо ќе добие нов инженер за трка во Ред Бул доколку одбере да остане во Милтон Кинс и следната сезона. Австралијанецот по се изгледа повторно ќе работи со Мајк Луг со кого работеше во Карлин во Британската Формула 3 во 2009 година.

Последните две години Луг беше инженер на Сем Бирд во Формула Е тимот на Вирџин, но со последната трка од таа серија која се одржа во Њу Јорк, неговиот договор истече. Се очекува тој да добие Формула 1 искуство до крајот на оваа година во Ред Бул, а потоа да го замени Симон Рение, кој работи во тимот од 2013 година, тогаш како инженер на Марк Вебер, а се очекува да добие улога во фабриката на екипата. Рение пред Ред Бул има искуство во Рено и во Лотус.

Се очекува договорните обврски помеѓу Рикардо и Ред Бул наскоро да бидат официјализирани, а потоа тој да продолжи да работи со Луг со кого доминираа во Формула 3.


Доколку остане во Ред Бул, Рикардо ќе добие нов инженер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>