Поранешниот Претседател на , Лука , изјави дека доколку Луис Хамилтон возел за Скудерија, тие би биле прваци сезонава.

Во својата изјава за Rai radio, италијанецот смета дека Хамилтон целосно ја заслужил својата 5та титула сезонава, заедно со неговиот тим.

годинава хамилтон ја направи разликата на гридот во својата најдобра сезона откако е во формула 1. имаше моменти на слабост и криза, но годинава и да беше во ферари ќе победеше и ќе освоеше титула. го велам ова не за да го омаловажам фетел кој имаше конкурентен болид за себе и можност да биде првак.

овој ферари е многу поинаков од оној кој јас го напуштив во октомври 2014 година во однос на луѓето и менталитетот. тие склопија одличен болид годинава, на некои викенди беа подобри од мерцедес, но финишот им недостасуваше

фетел направи неколку одлучувачки грешки, но за титулата тоа не смее да се случи. тој е еден од најдобрите возачи и секогаш работи многу непосредно со екипата. неговите фрустрации мора да наидат на поддршка дури и повеќе следната година кога во тимот пристигнува фантастичен млад возач во името на шарл леклер.

и шумахер правеше грешки во првите денови во ферари, но важно е се да биде јасно кажано и ставено на маса во позадина, а јавно пред камерите и фановите да има целосна поддршка за возачот – објасни ди монтеѕемоло.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.