Де Феран се надева на подобра трка во Сингапур

82

Жил де Феран очекува забавно Сингапурско Гранд При викендов кој претстои и во исто време е оптимист дека Мекларен може да бидат многу поконкурентни одошто на претходните две брзи патеки кои не одговараа на нивниот пакет. Марина Беј е една од најбавните патеки на календарот, а спортскиот директор на тимот од Вокинг е свесен дека Алонсо и Вандорн ќе имаат шанса за поени.

Минатите девет трки двократниот првак Нандо има освоено само 12 поени, додека Вандорн нема освоено бодови уште од градскиот Баку во Април годинава.

Големата награда на Сингапур е многу популарен настан на календарот поради фантастичната атмосфера и уникатните карактеристики. Тркањето под рефлектори на екстремни температури и голема влажност е тежок предизвик за возачите, но покажува колку треба да се работи во кокпитот за да се дојде до добар резултат.

Патеката била домаќин на многу интересни трки во минатото и се надевам дека нема да биде различно ни годианва. Оптимисти сме дека пакетот со кој располагаме ќе има подобри перформанси на овакви карактеристики, но ништоа не е гарантирано особено со волку непредвидлива трка.

Фернандо и Стофел напорно рабоат да најдат колку што може повеќе перформанси викендов со цел да ни донесат нови поени – најави де Ферарн.


Де Феран се надева на подобра трка во Сингапур

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>