Жил де Феран смета дека Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн имале потенцијал да стигнат до поени во Германија, но среќата била против нив и ги оставила надвор од топ 10.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Шпанецот се коцкаше и рано промени на интермедиа, по што мораше да се врати на мазни гуми со дополнително застанување. На крајот, поради проблеми со менувачот, мораше да го паркира болидот во гаражата. Вандорн имаше тежок викенд и на тренинзите беше последен, а исто и на квалификациите. Кај него откажа моторот.

Де Феран смета дека Хокенхајмринг бил можност за поени, но не се успеало во тоа по што тимот загуби во однос на ривалите од средина на поредокот.

Разочарувачка трка за нас. Фернандо се коцкаше дека ќе има повеќе дожд, но ризикот на крајот не се исплатеше. Штета затоа што во тој момент имаше одлична трка, се бореше како вообичаено, но на крајот се појавија проблеми со менувачот и мораше да го паркира болидот.

Стофел имаше мирно попладне и солидн трка. Имаше проблем на половина од истата и сеуште истражуваме што се случи, но на крајот беше добар.

Повторно пропуштивме можност за добри поени затоа што болидот и возачите беа на ниво – смета Жил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.