Де Феран нов Спортски директор на Мекларен

159
   

Од улога на консултант во Мекларен, Жил де Феран сега е задолжен за извлекување на најдобрите перформанси од екипата, но и возачите во текот на тркачките викенди.

Новите промени во лидерството на екипата ја примораа оставката на поранешниот тркачки директор, Ерик Булие, а двократниот шампион во ИндиКар, како и победник на Инди500, Жил де Феран ќе ги превземе спортските должности на неговиот претходник.

Бразилецот, кој работеше во последните неколку месеци како советник во Мекларен, ќе соработува со Андреа Стела, кој е новопромовиран од одговорен за тркачка оператива во директор за перформанси, а кој премина од Ферари во Мекларен кога се случи трансферот на Фернандо Алонсо во 2014 година.

Андреа ќе биде одговорен за максимален резултат во викендот, додека Жил од спортска перспектива ќе ги максимизира перформансите на тимот и возачите – објасни извршниот директор, Зек Браун.

Иако искуството на де Феран потекнува од ИндиКар, 50-годишниот поранешен возач има искуство и во менаџерска улога во Формула 1, откако работеше како Спортски директор во БАР и Хонда помеѓу 2005 и 2007 година.

Го доведовме Жил пред неколку месеци бидејќи сметавме дека може да искористиме некој како него за да го извлечеме максимумот од нашите возачи, од нашите инженери. Во тој период немавме план да го поставиме во оваа нова улога.

Тоа што идентификувавме е област во која сметаме дека тој може да има придонес и работите сами се поставија за тој да стане спортски директор. Но тоа не беше дефинирано на почетокот кога тој ни се придружи – додаде Браун.

Познатиот Формула 1 експерт, Марк Хјуз, преку социјалните мрежи посочи дека назначувањето на Стела и де Феран потекнува од силно влијание позади кое стои Фернандо Алонсо. Сепак, на Мекларен ќе им бидат потребни огромни и брзи подобрувања во перформанси, доколку сакаат да го задржат Алонсо и за 2019 година.


Де Феран нов Спортски директор на Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>