Де Феран гледа позитивно на трката во Унгарија

19

Жил де Ферарн смета дека перформансите на болидите и возачите на Мекларен за време на Унгарското Гранд При се позитивни, но е разочаран што Стофел Вандорн морал да се откаже откако тргнал како 15ти, а во моментот кога се појави проблемот со менувачот, бил на 9то место. Алонсо немаше проблеми, стигна на 8мо место и освои нови 4 поени за тимот и за себе.

Многу позитивен ден за нас, имавме добар ритам на двата болиди и дојдовме многу блиску до двоен финиш во поени.

Јасно е дека сме многу разочарани поради Стофел кој возеше одлично, но мораше да се повлече поради проблемите со менувачот. Фернандо Алонсо како и секогаш беше совршен со одличен микс помеѓу агресивност и ритам зачинето со менаџирање на гумите. Иако треба да му дадеме подарок за роденден, овој пат тој ни даде на нас.

Спортскиот директор смета дека стратегијата на тимот била совршена во Унгарија затоа што двајцата возачи минале многу болиди токму поради одлуката за менување.

Сакам да му честитам на тимот за стратегијата и на механичарите за совршено одработената стратегија и токму поради нивната работа дојдовме до добар резултат. Им посакувам на сите пријатен одмор и едвај чекам повторно да почнеме да се тркаме со надеж дека ќе бидеме многу подобри.


Де Феран гледа позитивно на трката во Унгарија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>