Поранешниот шпански Формула 1 возач, Педро де ла Роса, ги обвини Скудерија Ферари дека го оставиле сам нивниот возач Себастијан Фетел во времето кога најмногу му требало подршка во неговата борба за титулата.

Фетел и Ферари ја започнаа оваа сезона во одлична форма и за прв пат во оваа турбо ера успеаа да се подобри од Мерцедес, но поради грешки од тимот и возачот, не успеаа да се одбранат во вториот дел од сезоната.

Во возачката кариера се прават грешки, но тимот е обврзан да те заштити и доколку тоа не се случи тогаш притисокот се зголемува и станува потешко за возачот.

Се сеќавам кога излета во Германија и победи Хамилтон од 14та позиција на гридот, Тоа беше удар за Фетел бидејќи тој погреши и сите видоа. Во тоа време тимот не го одбрани нивниот возач.

Потоа се случи Монца каде Хамилтон го престаса и победи. Мислам дека Фетел беше под огромен притисок и под удар на јавноста. Можеби го подржувале интерно но јавноста смета дека му е потребна подршка. Во вакви времиња е тешко да се победи со Ферари. Моментот е погрешен и тешко е да се фокусира.

Иако Ферари ја уништи својата сезона, Мерцедес драстично се подобрија и справија со притисокот што на Хаилтон му ја донесе 5та титулата во кариерата.

Мерцедес, а особено Хамилтон се на посебно ниво. Ова е најдобриот Хамилтон кој сме го виделе до сега, Не поради брзината, туку поради контролата. Ги менаџираше гумите како што треба и престасуваше прецизно без грешка иако победи со не толку добар болид. Ферари имаа најдобар болид цела сезона.

Де ла Роса не е сам во мислењето за Ферари и Фетел бидејќи претходно и Култард изјави дека Ферари го напуштиле нивниот возач кога му било најтешко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.