Поранешниот шпански Формула 1 возач, Педро , е убеден дека неговиот сонародник Карлос Саинз е вистински избор и исто добар возач како и како Макс Верстапен и се надева дека Мекларен ќе се врати на вистинските патеки и ќе започне нова ера во Вокинг.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ред Бул не го продолжи дооворот со Саинз и тој замина во фабрчката екипа на Рено од каде преминува во Мекларен догодина, а на негово место доаѓа Даниел Рикардо од Ред Бул.

Мислам дека во моментов Мекларен го достигнаа дното, но тоа сепак е добар тим. Наредната година можеби нема да се борат за подиум, но сепак ќе бидат подобри. Искрено мислам дека најлошото помина за Мекларен, и треба наредната година да се борат за подиум. Тоа не се случило до сега. Мекларен излезе од период на реконструкција и сигурен сум дека растот на тимот зависи од тоа што Рено ќе им испорача – појасни де ла роса.

Поранешниот возач на Мекларен изјави дека Саинз доаѓа како замена на Алонсо во вториот најуспешен тим во Формула 1.

Мислам дека Саинз е одличен возач и јасно е дека тој е на исто ниво како Верстапен и Хулкенберг и побрз од многу други. Тој е материјал за светски шампион.

Следниот Алонсо? Споредбата со него е залудна бидејќи Фернандо е еден од најдобрите во историјата. За 15 години ќе може да ги споредиме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.