Се повеќе се зборува за двајца шпански возачи во Мекларен, но шпанецот Педро де ла Роса смета дека тоа е лоша идеја. Де ла Роса добро ги познава Фернандо Алонсо и Карлос Саинз.

Идеата за Саинз и Алонсо во иста екипа можеби е добра на хартија, но според Де ла Роса, помладиот шпанец ќе настрада повеќе бидејќи Алонсо е безмилосен кон своите тимски колеги.

Моментално Стофел Вандорн е неконкурентен во споредба со Алонсо и на квалификациите имаат резултат 12-0 поради што се доведува во прашање неговата иднина. На прашање дали мисли дека Алонсо и Саинз се тим од соништата тој одговори:

Соништа? Мислам дека е подобро да не се заедно. Да бидеш колега со Алонсо е тешко и затоа би преферирал друг возач, а не Карлос. Фернандо е старо куче и најдобар возач во историјата на Формула 1. Би предложил Карлос да добие уште некоја година искуство па потоа да се соочи со ѕвер како Алонсо – смета де ла Роса.

Де ла Роса и Алонсо се повеќе од колеги бидејќи се пријатели. Двојката соработуваше во Ферари и затоа ситуацијата им е позната.

Кога кажувам дека Фернандо е најдобар, луѓето ми кажуваат дека е бидејќи сум негов пријател. Јас имам работено со некои од најдобрите и Фернандо е нешто посебно.

Сезоната со гласини тукушто започна и се зборува дека Окон ќе се придружи на Хулкенберг во Рено додека Саинз ќе треба да си најде нова работа. Но Де ла Роса верува дека Саинз направил доволно да му е гарантирано местото на гридот.

Ако Рено направи грешка и го пушти Карлос не треба да се возбудуваме бидејќи неговото место е заслужено.

Во однос на битката за титулата, Де ла Роса тесно ја набљудува

Мерцедес победуваат кога тоа треба да го прават Ферари, има доста драма со нив и Ветел но сепак го имаат најдобриот болид а заостануваат 24 поени. Има уште многу и мислам дека ќе биде одлучувачка последната трка.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.