Дејмон Хил со критика кон Фетел

689
   

Поранешниот Формула 1 првак, Дејмон Хил, е критичен кон Себастијан Фетел, а во врска со неговиот обид да го претекне Макс Верстапен во Јапонија, сметајќи дека потегот на германецот бил очаен.

Себастијан имаше проблеми уште на вчерашните квалификации по што ја почна трката од 8мо место на гридот, но по првиот круг веќе беше 4ти, зад двата Мерцедес и иМакс Верстапен.

Дојде близу до холанѓанецот во пресрет на кривината Спун и се обиде да мине од внатрешната страна, но болидите се допреа, Верстапен едвај продолжи во вистинска насока, додека Фетел се изврте и ја продолжи трката од послендо место.

Погрешно место и погрешно време.

Моторот на Фетел е многу посилен, имаше на располагање ДРС, а згора на тоа и знаеше дека Макс веќе има за отслужување казна од 5 секунди.

Мораше да вози и да размислува тактички. За мене потегот беше очаен – изјави Хил за Auto Motor und Sport.


Дејмон Хил со критика кон Фетел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>