Поранешниот светски шампион, Дејмон Хил, вели дека Макс Верстапен го потсетува на Аиртон Сена и смета дека холанѓанецот, како и бразилецот, ќе научи од своите грешки како млад возач.

Возачот на Ред Бул ја загуби сигурната победа на Бразилското Гранд При откако имаше судар со Естебан Окон додека беше во водство и го минуваше за цел круг.

Иако Хил верува дека Окон е главниот виновник во контроверзниот судар со Верстапен, тој вели дека поискусен возач ќе оставел доволно простор одколку тој што го остави возачот на Ред Бул и не би бил инволвиран во сударот.

Имаше уште еден дечко во Формула 1 кој од време на време имаше контакт со другите кога тоа најмалку му требаше.

Всушност мислам на Сена. Тоа се случува кога се многу млади и не разбираат.

Очигледно Окон не требаше да се најде во таква позиција со лидерот на трката. Но и Макс се вмеша со него, наместо да направи дистанца од него и да чека на помалку ризична можност.

Не сакам да го критикувам Макс. Нема да направи разлика, бидејќи тој ќе продолжи да ризикува и да вози на начинот на кој што вози, но на крајот тој ќе вози како што Луис научи да вози.

И ќе почне да размислува колку сето ова е важно, да се победи на трка е толку важно и вредно, нема да дозволите глупави грешки да ви го загрозат тоа.

Има време додека наполни 25 години, а потоа ќе биде повеќе концентриран. Сега тој нема контрола, вози врз основа на инстинкт!

Тоа е интересна дебата, а Окон и времето го притискаше. Но мора да се грижите кога сте инволвирани во битка за водство, можеби до моментот кога преку тимското радио ќе побарате да им се објасни на Ред Бул дека се обидувате да се вратите во водечкиот круг.

Но тој го претекна за само неколку кругови, го претекна и потоа повторно го претекна по неколку кругови – вели Хил.

Поранешниот Формула 1 возач, Фелипе Маса, кој работеше како експерт за бразилска телевизиска станица во Интерлагос, се согласува дека Верстапен можел да остави повеќе простор.

Дефинитивно беше чудно што Окон се обиде да го претекне Верстапен во тој момент од трката, А потоа дознав дека тој имал свежи пневматици. Правилата велат дека ако се побрз може да претекнете, но мора да внимавате, што не беше случајот.

Но во исто време, не го обвинувам Макс, можеби можеше да биде повнимателен. Окон ризикуваше премногу, но можеби Макс требаше да го избегне сето тоа.

За конфликтот по трката, го знаете Макс, темпераментот е голем, може да се случи и тоа – истакна Маса.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.