Новиот боли на најмладиот Формула 1 тим на гридот е закажан да биде промоциран утре, но тимот веќе објави дека истиот ќе биде обоен во црно-жолта комбинација откако Рич Енерџи станаа главен спонзор на екипата.

Со објавата на Твитер, тимот најави дека шасијата следната боја ќе биде предимно обоена во црна боја, откако тројцата возачи на екипата заедно се сликаа во новите униформи. Вообичаено болидот на американците беше во сиво-црно-бела комбинација откако се дел од Формула 1 од 2016 година, но уште во Октомври најавија дека во Рич Енерџи ќе имаат нов главен спонзор за годинава.

Веќе некое време се шпекулира дека боите ќе се променат кон црно-жолта комбинација, а Твитер објавата го покажа и новото лого кое на средина ја има латичничната Х за Хаас во црно жолта варијанта, но и името на Рич Енерџи над логото.

Последен пат црно жолта комбинација возеа Лотус пред да бидат превземени од Рено во 2016 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.