Ден без проблеми за Кими

599

Кими Раиконен постави најбрзо време во текот на двете петочни тренинг сесии во Сингапур на првата трка откако официјално беше објавено дека следната сезона ќе се трка за Заубер. Првите 90 минути финецот ги заврши со 4то време на сесијата, додека под рефлекторите постави најбрзо време со 11 илјадитинки предност во однос на лидерот во шампионатот, Луис Хамилтон.

Раиконен немаше проблеми во текот на денот и верува дека хиперсофт ќе биде добар само за кусите серии, а останатите ве гуми за трка.

Се беше во ред денеска и немав проблем. На првата сесија проверивме многу работи и направивме промени за втората кога изгледа дека се работеше како што треба. Имав нормален Петок и јасно е дека патеката е различна од другит, а втората сесија под променети услови беше подобра за нас. Гумите се однесуваа како што очекував.

Хиперсофт дава далеку најдобар грип, но само на куси серии. Таа гума не трае како другите две компоненти, свесни сме за тоа – анализира Раикоенн.

Во текот на тренинг сесиите финецот возеше со две различни спецификации на под на својот болид, но немаше некоја видлива разлика на Марина Беј така што веројатно остатокот од викендот ќе продолжи со новиот под.

Пробав два различни подови и нема некоја голема разлика меѓу нив, но нешто корисно сепак се наоѓа. Ќе продолжиме да работиме и ќе видиме што ќе ни донесе денот.


Ден без проблеми за Кими

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>