Дел од карбон удрил во визирот на Гасли

204
   

Пјер Гасли вели дека дел од болидот поминал покрај халото на неговиот болид и удрил во визирот од неговата кацига при првиот круг од Руското Гранд При.

Според него, делчиња од болидот на Даниел Рикардо прелетале кон него по стартот и завршиле во неговиот кокпит.

Мислам дека Даниел изгуби дел од карбон, кој летна директно во мојот визир, беше многу, многу страшно. Мислев дека ќе ми влезе во очи, а потоа удри во визирот и заврши во болидот.

Во свиокот 4 го земав делот и го фрлив надвор од кокпитот. Во моментот кога се случи, имав околу 5 десетинки да го забележам како лета и удри во мојот визир. Можеби дел од крилцата. Мислам дека беше од контакт со Даниел.

Но летна кон мене, директно во моите очи. Кога го забележав си помислив дека ќе помине низ визирот. Но визирот е навистина силен. Удри и падна во кокпитот. Делот помина низ халото. Ќе мора да погледнам. Беше прилично страшно.

Визирот изгледа дека е мошне силен, но можеби треба да продолжиме да го подобруваме, да биде најсилен што може. Брзината имаше влијание над ударот. Во тој момент поминував низ свиокот 2, така што не се движев премногу брзо. Можеби ударот не беше толку силен, споредено при брзина од 300 километри на час – истакна Гасли.


Дел од карбон удрил во визирот на Гасли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>