Луи Делетраз вели дека екипата на Хаас го забележала неговиот потенцијал пред да му го додели првиот тест со моменталните Формула 1 болиди на тестот за Пирели по трката во Абу Даби.

21-годишниот швајцарец се натпреварува во Формула 2 годинава и е пласиран на 11то место во неговата втора година на учество во серијата.

Хаас најавија дека Делетраз ќе вози на вториот ден од тестот на Пирели. Тој би можел да биде цел за некој од Формула 1 тимовите поради огромниот број на поени на суперлиценцата, вкупно 42.

Сопственикот Џин Хаас и тимскиот шеф, Гунтер Стаинер, се спортски фигури и имаат добар менталитет. Мислам дека сакаат предизвик и го гледаат потенцијалот во мене, сакаат да тестирам и да ги видат резултатите од тестот.

Мислам дека Хаас имаат навистина добар болид, тие се еден од првите тимови позади водечката тројка, а тестот е нешто на што работевме долго време. Клучно е што имам 42 поени на суперлиценцата и сум достапен за тестот.

Се надевам дека тоа е следниот чекор, Формула 1, следната година можеби е премногу рано, сите места се пополнети, но серијата сеуште е цел. Првиот чекор се тестирањата.

Главниот фокус за мене е да го научам процесот во Формула 1, болидот и да бидам најбрз што можам, да можам да споделам веднаш информации со тимот. Тоа е тест за пневматиците за 2019 година, така што не се работи само за мене, туку и за тимот.

Секако дека сакам да го покажам својот потенцијал и брзина, но мора да работам со целиот тим, а тимовите во Формула 1 се многу поголеми, за нив податоците се најважни.

Тие ми веруваат и ми го даваат болидот, ќе научам колку што можам и ќе направам се што можам да им помогнам – изјави Делетраз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.