Луи го имаше своето деби во Формула 1 болид за време на тестот на Пирели во Абу Даби, возејќи го болидот на Хаас.

Роман Гросжан и Кевин Магнусен веќе се на одмор, така што за тимот тестот го одработија Фитипалди и Делетраз. 21-годишниот швајцарец извозе 117 кругови без никаков проблем и постави 11то време на хиперсофт. Американците се задоволни од сработените куси серии за брзина и долги серии како симулација за трка со новите гуми на Пирели.

беше неверојатен ден, мој прв формула 1 што ми е сон од дете. ова е уште еден чекор кон мојата цел и денот мина одлично. комплетирав 117 кругови што е многу за тестирање на гуми и многу во однос на собрани податоци. дадов се од себе и се надевам дека тимот е задоволен со мене. навистина уживав – возбудено изјави делетраз.

Луи е поранешен возач на младинскиот погодн на Рено, но никогаш не доби шанса да вози болид од Енстон. Сезонава е втора за него во Формула 1, заврши на 10то место и изјави дека не се мачел со адаптација во болид од врвот на моторспортот.

физички бев во ред, не се мачев воопшо, иако морам да кажам дека добро се подготвував за овој тест. формула 1 секогаш е моја цел, имав фантастичен ден и сакам да му се заблагодарам на мојот долгогодишен спонзор АДСС. мислам дека научивме многу и ова беше добра подготовка за во иднина. секогаш ќе се сеќавам на овој ден.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.