Луи ќе го вози актуелниот Хаас ВФ18 болид во текот на вториот ден за Пирели кои екипите ќе го одработуваат во по крајот на Гранд При трката.

21-годишниот швајцарец ја официјализираше својата соработка со американската екипа за време на Бразилското Гранд При минатиот викенд.

научив многу и сретнав многу одлични луѓе кои направија да се чувствувам добредојден. целото искуство е неверојатно и нетрпелив сум да го доживеам истото и во абу даби – најави делетраз.

Неделава тој го заврши и задолжителното мерење за седиште во болидот, работеше со инженерите на оптимизација на педалите, воланот и појасот како подготовка за својот прв Формула 1 тест. Во Четврток пред стартот на тркачкиот викенд седна во болидот на Роман Гросжан додека се работеше на тренинг за менување гуми.

Во петок се наоѓаше заедно со инженерите во делот на тимот за да ја слуша радио комуникацијата помеѓу екипата и возачите за време на двете тренинг сесии, а потоа беше повикан да присуствува и на давањето информации на возачите до инженерите по тренинг сесиите.

целосно бев во трката и беше фасинантно да се чујат и видат деталите зад работата која ја обавуваат возачите. технологијата и деталите во Формула 1 болидите и целиот тркачки викенд се импресивни – возбуден и делетраз.

На почеток на следната недела, поточно на 20 Ноември е закажано возење на симулаторот на Хаас за прв пат, пред да се одржи и првиот реален тренинг во Абу Даби.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.