Дебитантот во тестовите на Формула 1, Калум Илот, вели дека било чудно што излетал и удрил во бариерите со неговиот болид на Алфа Ромео при голема брзина на првиот ден од тестот во Барселона.

Илот го постави најбрзото време на денот до тој момент, кога неговиот заден дел изгуби контрола во свиокот број 3 и со удри во бариерите со брзина од 200 километри на час.

20-годишниот јуниор на Ферари, кој моментално се трка за јуниорската екипа на Заубер во Формула 2, комплетираше 40 кругови пред да се случи инцидентот и денот го заврши на 12то место.

Го поминав првиот дел од свиокот 3 и потоа од никаде, целосно го загубив задниот дел и не можам да го објаснам. Немаше разлика во ветар, нешто не се скрши, возењето беше слично како и претходно, така што е чудно.

Целосно ме изненади бидејќи возев исто и во претходните кругови. Сеуште го анализираме. Чудно беше – објасни илот.

И покрај сударот и прераниот крај на тестот, Илот верува дека неговото деби било позитивно.

Очигледно, сите се нервозни пред вакви први тестови, но јас бев добро подготвен, неверојатно е. Брзината во свиокот која ја носите, моќта, е неверојатна, така што е помалку шок е да се навикнете. Се чувствував удобно во болидот.

уторото ги поминавме планираните тестови и бев среќен, тимот беше среќен, севкупно беше навистина позитивен ден, се до сударот. Поминавме доволно од програмата, а потоа се фокусиравме и на перформансите.

Штета е што пропуштив дополнително возење, но ова се случува, за жал.