Двојни поени за 200та трка на Форс Индија

69
   

Розевите болиди ја почнаа трката на Ред Бул Ринг од позадина, но со добра среќа и храбро возење стигнаа до двојни поени како награда за јубилејната 200та трка на екипата. Естебан Окон и Серхио Перез не успејаа да стигнат до К3 на квалификациите, но со многу работа стигнаа до топ 10 на трката.

Двајцата имаа чист старт и се фокусираа на константност и работа низ гридот, на крајот значително подобрувајќи го својот стартен пласман. На крајот, французинот заврши на 6то место, а мексиканецот веднаш зад него.

Задоволен сум со резултатот, среќен сум и можам да кажам дека ова е добар дек за екипата. Можеме да бидеме задоволни од перформансите, успеавме добро да ги менаџираме гумите и со едно застанување да ја комплетираме трката на која многумина се мачеа да го сторат истото.

Гумите издржаа до крајот, а јас и Чеко покажавме одлична тимска работа, ги променивме позициите за да го бркаме Магнусен и покажавме дека како екипа сме многу силни и сложни – појасни Окон.

Перез размислува слично како и својот колега и остана горд на постигнувањето на јубилејот за екипата од силверстон.

Имавме навистина позитивен ден. Дојдовме до важни поени на викенд на кој трката беше вистински предизвик. Почнав од 15то место на гридот, а ја завршив трката на 7мо и мораме да бидеме горди на таквото постигнување. Јасно е дека некои болиди пред нас се откажаа, но ние се тркавме и докажавме дека стратегијата е добра и дека можеме да искористиме вакви ситуации.

Не влеговме по нови гуми за време на Виртуелното безбедносно возило како многу други и таа стратегија се покажа успешна за нас затоа што иамвме силен ритам особено кон крајот на трката. Сакав да го бркам Магнусен на крајот, но се покажа како невозможно – изјави Чеко Перез.

Жестоката борба на средина од поредокот ќе продолжи на следната трка која ќе биде домашна за Форс Индија затоа што се вози во непосредна близина на нивната фабрика.

Се надеваме дека и следните новини ќе ни донесат перформанси и ќе продолжиме со моментумот во кој сме. борбата на средина во поредокот е многу изедначена и ќе се бориме до самиот кај, поради што мораме да притискаме и не смее да се опуштаме.


Двојни поени за 200та трка на Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>