Даниел Рикардо бил изненаден кога чул дека Кими Раиконен потпишал двегодишен договор со Заубер откако го загуби своето Формула 1 место за 2019 година. Долго време на почетокот од оваа сезона се шпекулираше дека Даниел Рикардо може да заврши во Маранело, но на крајот австралијанецот потпиша за фабричката екипа на Рено.

По малку сум изненаден за трансферот на Раиконен. Препотставував дека Ферари ќе ја направат промената за која се шпекулираше, но мислев дека доколку Кими замине ќе вози на друго “лабаво“ место и ќе минува време со неговите деца. Изненаден сум што потпиша нов двогодишен договор. Неговиот говор на телото не покажува дека секогаш ужива во Формула 1, но веројатно дека го сака спортот повеќе одошто ние мислиме – смета Рикардо.

Финецот нема победа од 2014 година, период во кој додаде 22 подиуми и две пол позиции на своето конто. Неговата нова екипа, швајцарски Заубер, многу напредуваше оваа годна под водство на Фредерик Васур, но тешко да се очекува дека Кими ќе мож да се бори за поени.

Возачот на Рено, Нико Хулкенберг, исто така истакна дека бил изненаден кога слушнал за трансферот на Кими.

Јасно е дека сит есакаме да се тркаме и тешко е да сопреме особено кога веќе сме во Формула 1, кремот на моторспортот и тркањето и имаме фантастична работа.

Тешко е од Формула 1 тркач да се престане и да не се прави ништо, но тешко е и да се вратите назад од врвна екипа во тим во кој веројатно ќе ве минуваат за цел круг на патеката. Ќе биде многу интересно.

Сигурен сум дека тој има свои причини за тоа, очигледно е дека сеуште има одличен ритам и има причина да продолжи.

Се чини дека Фернандо Алонсо е еден од ретките кој не е изненаден од потегот на неговиот поренешен тимски колега од Ферари.

Сите имаат различни чувства, различен карактер и различна амбиција. Тешко е да се суди од надвор.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.