Поранешниот возач на Заубер и Хаас, мексиканецот Естебан Гутиерез, има за цел да се врати на формула 1 гридот преку тимот на Вилијамс, Тој беше отпуштен од американски Хаас на крајот на 2016 година, потоа имаше и ретки појавувања во Формула Е тркачакта серија како и американски Индикар, а е ангажиран и како возач за во симулатор на Мерцедес и посети некои трки сезоанва со тимот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

За време на трката во Мексико, Гутиерез потврди дека е во игра за празното место во Вилијамс за 2019 година, откако во Гроув за возач беше потврден Џорџ Расел, лидерот во Формула 2 поредокот во моментов.

Работам многу напорно и многу се подготвував оваа година поради што сум силно мотивиран. Работам со Мерцедес, многу професионална екипа, многу бев активен во симулаторот тестирајќи различни работи и затоа сум позитивно расположен за иднината – објасни Гутиерез, кој има голема поддршка од мексикански спонзори.

Запрашан за возачкото место во Вилијамс како единствено реално место за него догодина, тој објасни:

Вилијамс е одлична екипа, една од најпочитуваните на гридот. Имаат тешка година, но лушето и тимот се сигурни дека ќе се вратат на прав пат – смета Естебан.

Мексиканецот се тркаше за Заубер во 2013 и 2014 година, стана тест возач на Ферари за 2015 година, за следната да мине во Хаас каде не освои ниту еден поен наспроти 29те на неговиот колега Госжан.

Имам незавршена работа во Формула 1 и мислам дека можам уште многу да дадам. Имам шанса, тука сум, на почетокот од годината не работев со ниту  една екипа, но сега сум со Мерцедес што е многу важно. Работам напорно, не е лесно, но позитивно гледам на иднината и мислам дека ќе постигнам уште многу во кариерата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.