Американската екипа Хаас имаше неконкурентен викенд на Ерманос Родригез, Кевин Магнусен ја заврши трката ана 15то место, а неговиот колега Роман Гросжан беше веднаш зад него.

Данецот на моменти дојде до 9то место, а Гросжан беше највисоко 11ти пред првата серија менувања за нив во 43от круг од трката, но не успејаа да си го задржат тој пласман и да донесат нови поени, а за тоа најголем вина гледаат во гумите на Пирели.

Дојдовме до добра позиција, но потоа околу 40от круг моравме да влеземе и да промениме гуми. Кога излеговме на ултрасофт компонентата, таа воопшто не ни одговараше. Ако сакаме одлично тркање, за тоа се потребни гуми, а тоа не беше возможно денеска со овие гуми, тешко е но мораме да продолжиме понатаму – смета Кевин Магнусен.

Со него се согласи и Роман Гросжан кој цела трка се мачел со своите гуми и кон крајот мораше уште еднаш, непредвидено, да промени пневматици.

Многу тежок ден, не дојдовме до тоа што планиравме со ултрасофт, додека со суперсофт бевме далеку подобри. Извадимвме максимум од животниот век на гумите, но потоа имавме проблеми кои не ги очекувавме со најмеката компонента. Имаше голема деградација на задните гуми, а за време на последното Виртуелно безбедносно возило јас одлучив повторно да променам гуми.

Најразочаран е шефот Гунтер Стаинер кој смета дека најмладата екипа на гридот не може да извлече ништо позитивно од тркачкиот викенд во Мексико и дека е најдобро да се посветат на следната трка во Бразил.

Најдобра работа во врска со викендот во Мексико е што истиот заврши. Нема ништо позитивно за учење од таму, бевме пребавни и не можевме да возиме со гумите кои ги имавме. Одиме на следната трка.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.