Гросжан ќе ја направел грешката на Ферари

90
   

Возачот на Хаас, Роман Гросжан, признава дека бил блиску до тоа да излезе со интермедиа гуми во последниот дел од квалификациите во Јапонија, копирајќи ја стратегијата на Скудерија Ферари.

Ферари ја плати цената за одлуката за излегување на интермедиа гуми на стартот на К3 откако патеката беше сеуште сува, а Себастијан Фетел поради тоа ќе ја почне трката од 9та позиција.

Гросжан беше една од ѕвездите со освојување 5то место за Хаас, а сега признава дека во последните секунди било донесено одлука да не излезат како Ферари.

Бевме навистина блиску и се беше подесено за интермедиа. Потоа променивме гуми, баланс на сопирање и се беше добро. Ние не знаевме бидејќи по завршувањето на К2 беше тешко да се задржи болидот на патеката со сликови.

Дебатиравме за тоа со кои гуми да излеземе и јас им реков дека тоа е коцка. Ако се коцкаме како Ферари и почне да врне тогаш е ок, но беше доста суво. Превземавме ризик и почекавме да видиме што ќе се случи, но можеа работите да одат во две насоки – ја објасни тимската стратегија францускиот возач.

За разлика од останатите, Гросжан е единствен кој ќе стартува со жолти софт гуми. Тој изјави дека било храбар потег да се излезе на потврди гуми во К2 и очекува тоа да му се исплати.

Воопшто не беше лесно на првиот тренинг со софт. Моето чувство со софт е дека тоа е добра гума, но во К2 не работеше како што треба а тогаш имаше дожд. Тоа врусшност беше мојот најдобар круг. Ќе видиме како ќе биде утре со температурите и како гумата ќе се однесува.


Гросжан ќе ја направел грешката на Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>