Гросжан ја објаснува глупоста зад Безбедносното возило

447

Роман Гросжан е крајно несреќен откако отфли шанса за одлични поени, судирајќи се во оградата во моментот кога на патеката беше Безбедносното возило.

Французинот ја почна трката од последно место откако имаше проблем со менувачот и хидрауликата, не постави време во К1, а пред трката промени и менувач и имаше дополнителна казна.

На време на вториот период за Безбедносно возило, кое беше предизвикано од сударот помеѓу возачите на Ред Бул, роман беше на 6то место зад Серхио Перез кој на крајот заврши на подиум. Тој објасни дека ненамерно стиснал на некое копче на воланот што го сменило балансот на кочење во моменти кога вртел лево-десно за да ги загрее гумите, по што тркалата му се закочиле, кочниците биле подесени повеќе “да гризаат“ озади и тој се извртел.

Ова навистина многу боли и сакам да се извинам на цела екипа. Бевме на редина на невероајтна трка која ја почнавме од последно место, а се наоѓавме на 6то. Гледајќи каде заврши Серхи Перез, а знаејќи дека се борев со него, тешко е за сите нас.

Трката се одвиваше одлично иако условите не беа многу добри поради ветерот, болидот се движеше лево-десно.

Ги загревав гумите и притиснав еден прекинувач кој го поместив за две позиции. Кога ги допрев спирачките, балансот беше целосно поместен кон задните тркала кои се закочија и се извртев – објасни Роман.

Со овој судар тој останува без поени по 4 трки во сезоната исто како и Сергеј Сироткин.


Гросжан ја објаснува глупоста зад Безбедносното возило

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>