Гросжан ја обвинува хидрауликата за квалификациите

112

Роман Гросжан ќе ја започне трката за Голема Награда на Азербејџан од последното место на гридот откако не успеа да извози ниту еден круг во квалификациите по проблеми со хидрауликата во неговиот болид.

Возачот на Хаас Ф1 ги блокираше сопирачките во свиокот 3 за време на својот прв летечки круг од сесијата, но кога се обиде да се врати на патеката не беше во можност да ја избере соодветната брзина, а на крајот тимот му посочи да го изгасне агрегатот.

По блокирање на сопирачките, продолжив право и на страна од патеката. Се вратив во рикверц, се работеше, наеднаш ја изгубив хидрауликата.

Немав што да направам, брзина нагоре, брзина надоле, бев заглавен во неутрална. Штета, но за жал тоа е.

Пред квалификациите, се надевав дека сме добро подготвени. Тука постојат добри можности за претекнување, така што ќе го дадам максимумот. Ова е дефинитивно патека кадешто се може да се случи, а имам голем избор на пневматици за трката – изјави Гросжан.


Гросжан ја обвинува хидрауликата за квалификациите

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>