Роман Гросжан вели дека следната цел за екипата на Хаас мора да биде пласман во топ 4 во Формула 1, но во исто време е претпазлив со конкуренцијата.

Хаас се пласираше на осмата позиција во своите први две сезони во спортот, но минатата сезона се пласираа на петто место, притоа борејќи се со Рено за четврто во поголемиот дел од сезоната.

Мислам дека секогаш мора да се подобрите, а минатата година беше голем чекор напред за нас по првите две сезони.

Не бевме премногу оддалечени од 4то место, така што верувам дека сакаме да бидеме подобри и поради тоа 4то место е следната цел.

Минатите неколку години, болидот е добар на почетокот, а како екипа се подобривме од самиот старт. Многу сум горд на работата која ја завршивме и развојот на тимот. Ова беше големо патешествие и не верувам дека е завршено.

Одвај чекам да го возам новиот болид и да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Се надевам на добра сезона – вели Гросжан.

Хаас завршија на 29 поени позади Рено во борбата за 4то место, додека пак вкупниот збир на поените на Форс Индија во сезоната ќе ги пласираше над Хаас. Според Гросжан, Хаас не смеат да ги потценат другите екипи.

Ја поставивме целта прилично високо по пласманот на 5то место минатата година. Сакаме да целиме кон 4то, доколку е возможно. Првиот показател колку е добар болидот ќе дознаеме во Барселона. А потоа колку ќе може да го развиваме во текот на сезоната.

Не верувам дека ќе бидеме блиску до Ред Бул, Ферари и Мерцедес. Мислам дека Рено ќе бидат силни, за Мекларен никогаш не се знае, тие се голема екипа со голема историја и би можеле да се вратат силни, знаеме дека Рејсинг Поинт имаат големи финансии.

Торо Росо ќе биде блиску до Ред Бул во однос на техничкото партнерство, го користат истиот мотор. Постојат многумина кои сакаат да бидат најдобри од останатите, ова е многу конкурентен свет и мора да дадеме се од себе – додаде Роман.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.